Управување со квалитет
Од првата сертификација за управување на квалитет според нормативот ISO 9001 во Kraš 1997 год., поминаа цели 20 години. На основите на добро воспоставен и одржуван систем за квалитет во тој период, го надградувавме составот според насоките и барањата на нашите купци и верни потрошувачи.
Во склоп на усвоената политика за квалитет, политика за животна средина и политика за енергетска ефикасност ги дефинираме целите на работење кои континуирано се следат, мерат и анализираат. Составот постојано се надгледува и проверува по пат на планови за самоконтрола, внатрешна проценка, проценка кај добавувачот, проверка и оценка од надворешни независни сертификациски тела, како и повремено од постојани или потенцијални купци.
Со исполнување на барањата за квалитет, здравствена исправност и сигурност на храната, како и барањата во делот на заштита на животната средина Kraš изгради интегрален состав на управување кој денес ги опфаќа нормативите ISO 9001, ISO 14001, IFS, HACCP, кошер и халал.